Крал на Мелбурн: Ѓоковиќ ја освои својата јубилејна десетта титула на Австралија Опен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ по десетти јубилеен пат е шампион на Австралија опен.

Новак во големото финале по 176 минути игра го совлада четвртиот играч во светот Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5).

Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека нема рамен во светот на тенисот – ова e негов десетти пехар во Мелбурн и 22. Грен слем во кариерата, со што се изедначи со ривалот Рафаел Надал.

Дополнително, Ѓоковиќ го престигна Надал по вкупниот број титули во кариерата, оваа му беше 93, а во Мелбурн стигна до 28-та последователна победа.

Вака продолжи неверојатната традиција, Новак се уште не знае за пораз во финалето во Род Лејвер Арената, има 10/10.

Тој повторно се врати на врвот на АТП листата. Циципас даде се што можеше, но очигледно не беше доволно за шампион како Ѓоковиќ.