Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За да се намали ризикот од хакирање и протекување на информации за сценариските заплети, од НВО најавија дека ќе бидат снимени повеќе верзии од последната епизода на осмата сезона од Game of Thrones.
Програмскиот претседател на НВО, Кеси Блојс, изјави дека никој нема да знае како навистина ќе заврши серијата.
„Кога имате серија која долго се прикажува, мора да направите вакво нешто. Бидејќи, кога снимате нешто, луѓето знаат. Затоа ќе направиме повеќе верзии и никој нема да знае каков крај навистина ќе има серијата“, изјави Блојс.
Седмата сезона ја одбележаа бројни хакерски напади. Хакерите го објавија сценариото, документите и необјавените епизоди. Поради една епизода која ја објавија хакери од Индија беа уапсени четири лица.
Снимањето на осмата и последна сезона на Game of Thrones почнува во октомври, оваа година, а Variety пишува дека најверојатно нема да биде емитувана пред 2019 година.
„Нашите луѓе од продукцијата се обидуваат да пресметаат колку време е потребно за снимање и за специјални ефекти. Само снимањето е доволно комплицирано бидејќи ќе се снима на различни континенти“, изјави Клејс.
Моделот на снимање на повеќе можни завршници на една серија е користен и во Breaking Bad, The Sopranos и Dallas.