Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Крајбрежјето на Охридското езеро продолжува да се уништува со несмален интензитет и покрај апелите на локалното население, екологистите па дури и централната власт која од неразбирливи причини го толерира индолентното однесување на градоначалниците Георгиевски и Мерко, пренесува Телма.
Едниот нема пари да руши и страв му е и од ликвидација а другиот ја убедува јавноста дека тоа што го гледаат не го гледаат и дека нема ниту една дивоградба во неговиот град.
По парапетчето во Градиште, викендов никна уште едно, овој пат кај Свети Стефан.
Со тешка механизација на самата плажа работници долеваа бетон во она што ќе биде ѕид и граничник на тераса кој неколку одлучлил да биде негова.
Невладината „Охрид СОС“ сммета дека ингеренциите на градоначалниците мора веднаш да се одземат, да се направат законските измени и централната власт да го спроведе планот и препораките на УНЕСКО.
Министерот за животна средина, Насер Нуредини, смета дека локалните власти мора веднаш да дејствуваат и да ги спроведат препораките и плановите.
Одземање на ингеренциите сеуште е можност а одземањето на статусот на светско наследство реалност.
Пред судските инстанци десетина години наназад се водат спорови од жители на Пештани и Охрид кои се сопственици на парцели во автокампот Градиште чиј сопственик стана локалниот бизнисмен Бошко Илоски.
Нејасно е како локалната па и централната власт замижуваат пред сите градежни зафати кои се вршат со години наназад во автокампот , спортивно на законите кои тие ги донеле а според кои не смее да се помрдне ниту камче од плажата додека трае постапката за денационализација.
Според официјалните документи со кои располага Телма во Охрид има 409 дивоградби регистрирани во заштитениот крајбрежен појас.
Градоначалникот Георгиевски почна со рушење на една, во Влашка маала, далеку од езерото. Градоначалникот Мерко пак сеуште одбива да состави листа на дивоградби.
Она што е јасно е дека годинава нема да има промена на статусот на Охрид и нема да биде ставен во категоријата на светско наследство во опасност бидејќи конференцијата на која требаше да се дискутира ова прашање требаше да се одржи идниот месец во Кина и поради панденмијата на коронавирусот е одложена.