Славни

Крај на уште еден холивудски брак – се разведува контроверзниот актер Шиа Лебеф

Познатиот и контроверзен актер Пиа Лебеф одлучи да стави крај на бракот со неговата сопруга Миа Гот, после шестгодишен заеднички живот.

Лебеф потврди дека се разведува од сопругата откако во јавност се појавија фотографии на кои е во друштво со британската пејачка ФКA Твигс, чие вистинско име е Талија Дебрет Барнет.

Тие се запознале во Лос Анџелес на снимањето на филмот „Honey Boy” оваа година, а во последно време често се заедно во Лондон.

По објавувањето на првите фотографии , британската пејачка потврди дека е во врска со ѕвездата на филмот ,,Transformers” .

Advertisements
To Top