Крај на уште еден холивудски брак: „Пукнала тиквата“ за Брајан Остин Грин и Меган Фокс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познатиот актер Брајан Остин Грин, кој славата ја стекна уште на млади години со улогата во тинејџерската серија „Беверли Хилс“, проговори за разидувањата со еднакво популарната холивудска актерка Меган Фокс, со која 10 години беа во брак.

Грин во својата изјава откри дека, откако сфатиле дека се оддалечиле еден од друг, веќе со месеци не живеат заедно. Тој и Фокс беа во брак од 2010 година.

„Откако минатата година Меган се вратила од снимање, му рекла на Грин дека би требало извесно време да поминат разделени“, открива Брајан. Му рекла дека подобро се чувствувала додека била на снимање. „Бев вознемирен поради тоа, но не можев да се лутам на Меган, бидејќи таа не бараше да се чувствува така“, додава актерот.

Embed from Getty Images

Папараците неодамна ја фотографираа Фокс како го минува времето со раперот Машин Ган Кели.

„Многу ми е важно во овој момент луѓето никој од нас двајцата да не го третираат како негативец или жртва“, објаснува Грин. Вели дека празниците и одморите планираат да ги минуваат заедно со своите деца, како нормално семејство.

„Секогаш ќе ја сакам и таа секогаш ќе ме сака мене“, додава Брајан.

„Којзнае дали е ова крај на нашиот пат. Ни останува уште толку многу од животот. Засега, патеките некако се разделија. Можеби ќе се спојат повторно, а можеби и не. Не знаеме“, заклучува актерот.