Крај на учебната 2017/2018 и почеток на летниот распуст за учениците


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска е последниот училишен ден за учебната 2017/2018 година. Средношколците и основците го почнуваат летниот распуст кој ќе трае до 2 септември.

Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во прва година средно образование за учебната 2018/2019 година, додека матурантите утре ќе имаат тестирање по мајчин јазик и литература, што е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура.

Учениците кои го продолжуваат основното и средното образование, на настава ќе се вратат на 3 септември 2018, во новата учебна 2018/2019 година.