Крај на стечајната постапка: ФЕНИ има нов сопственик

Фени

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со официјално соопштение велешкиот суд објави дека правосилно е одобрен планот за реорганизација на кавадаречки „Фени индустри“ со што и официјално заврши стечајната постапка за комбинатот низ која се бараше и нов инвеститор.

Ова значи дека Фени конечно излегува од стечај и дека сега има нов сопственик, ГСОЛ/ Еуроникел, а после сите превирања оваа одлука најголемо значење има за вработените, фирмите кои соработуваат со Фени и целиот кавадаречки регион.

Новиот сопственик на Фени, ГСОЛ е глобална компанија која со вложените приближно 90 милиони евра во Фени во изминатава година, е еден од најголемите инвеститори во државата.

Фени скоро една година работи и произведува, но сега ќе го започне и својот инвестициски циклус со што повторно ќе го достигне својот некогашен сјај и значење за македонската економија.