Крај на сите дилеми: Позната иднината на Пауло Дибала!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Пауло Дибала ставил потпис на нов договор и се обврзал на верност кон „старата дама“ до 2021 година.

Двете страни веќе подолго време беа во преговори, па конечно е постигнат договор, кој до крајот на неделата ќе биде и официјализиран.

Дибала имаше договор со Јувентус до 2020 година, но со новиот договор Аргентинецот ќе добие многу повисока плата и ќе се израмни по заработка со Игуаин, односно ќе добива 7,5 милиони евра по сезона.

Дибала во изминатите две сезони игра одлично за „старата дама“ и се еталблираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот, па многу богати клубови покажаа интерес за неговиот потпис.

Со ова фудбалерот ќе стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина!