Крај на шпекулациите: Белерин во Арсенал до 2023!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дефанзивецот на Арсенал, Хектор Белерин е на мета на европските гиганти веќе подолго време, но тој стави крај на сите шпекулации и ја продолжи верноста кој „топџиите“.

Имено, Белерин денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност кон Арсенал се до 2023 година.

Новиот договор на 21-годишниот фудбалер ќе му донесе неделна плата од 120.000 евра, а истиот ќе биде потврден пред натпреварот од Лигата на шампионите против ПСЖ. Тој е еден од најпостојаните фудбалери во редовите на „топџиите“, играјќи на 54 од последните 57 натпревари.

„Тука сум долго време и чувствувам дека ова е мојот дом и дека е исправно да останам тука. Среќен сум што ќе бидам во Арсенал уште многу години“, вели Белерин.

Младиот шпански фудбалер е во Лондон од свои 16 години, кога се пресели од младинската школа на Барселона.