Крај на самитот во Трст: Македонија добива грант од 70 милиони евра, се чека потврда од Владата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидерите на државите од Западен Балкан, денес на самитот во Трст, го поддржаа повеќегодишниот акционен план за регионална економска зона, со кој ќе се овозможи непречена размена на производи, услуги, капитал и на квалификувана работна сила.

Целта е приближување до членството во Европската Унија, како и да му се помогне на приватниот сектор, преку промоција на трговска размена, инвестиции и регионална мобилност.

На самитот, македонската делегација предводена од премиерот Заев се сретна со европските лидери предводени од Ангела Меркел и Емануел Макрон кои изразија силна подршка за реформите во земјава.