Крај на сагата: Де Геа останува во Јунајтед и добива „богатство“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иднината на Давид де Геа во последно време е главна тема во англиските медиуми поради фактот што шпанскиот голман влегува во послдната година од договорот.

Се шпекулираше дека Де Геа ќе си замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната како слободен агент и дека во јануари ќе започне преговори со Јувентус.

Сепак, најновоте информации кои ги пласираат медиумите на Островот тврдат дека Де Геа се договорил со челниците на клубот и ќе птопише нов долгогодишен договор со Манчестер Јунајтед.

Според новиот договор шпанскиот голман ќе заработува 290.000 фунти неделна плата и ќе биде назначен за капитен на „црвените ѓаволи“.

Де Геа во Јунајтед дојде во 2011 година, и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во светот.

Според новиот договор Де Геа ќе стане најплатен фудбалер на тимот и ќе заработува исто колку Пол Погба.