Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако извршниот директор на Евровизија, Џон Ола Санд, изјави дека: „Европската радиодифузна унија никогаш не го потврди настапот на Мадона . Ако немаме потпишан договор, таа не може да настапи на нашата сцена“, сега на неизвесноста за настапот на Мадона во Тел Авив се стави крај.
Кралицата на поп-музиката, Мадона, ќе гостува во финалната вечер од натпреварот за песна на Евровизија во Израел. Промоторите на концертот „Лајв нејшн Израел“ и Мадона потврдија за израелските медиуми дека таа ќе пее две песни за време на натпреварот, на кој ќе настапат музичари од 41 земја.
Мадона порача дека секогаш ќе се залага за мир и одбрана на човечките права и никогаш нема да престане да пее само за да им угоди на нечии политички агенди.
Ќе настапи и израелската пејачка Нета Барзилаи, која со песната „Тој“ победи на минатогодишниот натпревар во Лисабон и обезбеди Израел оваа година да биде домаќин на фестивалот.