Крај на „љубовта“ меѓу Ferrari и Maserati


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Луксузниот производител на моќни спортски машини од Маранело во наредните 2-3 години става крај на производството на мотори за моделите на ексклузивниот автомобилски бренд Maserati.

Двата славни италијански производители на спортски автомобили заедно беа под капата на Fiat Chrysler Automobiles до 2015, кога со одлука на раководството Ferrari се оддели во посебна компанија, за потоа неговите акции да се појават и на берза.

И покрај тоа Ferrari продолжи со производството на V6 и V8 моторите за потребите на Maserati и тоа за речиси сите модели како што се Ghibli, Quattroporte, Levante, GranTurismo и GranCabrio.

Двете компании имаат договор за ваквотот производство, но од Maserati најавија дека по истекот на договорот, немаат намера да го продолжат.

Од Ferrari најавија дека испораката на мотори ќе запре во 2021 или 2022 , а велат и дека тоа ќе биде добро зашто ќе може да се насочат на производство на мотори со нови технологии.

Maserati од 2002 ги користи моторите на Ferrari.