Крај на љубовната идила: Парис Хилтон раскина со свршеникот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мултимилионерската наследничка Парис Хилтон и нејзиниот вереник Крис Зилка последниов период важеа за една од поромантичните славни двојки кои беа (или можеби сè уште се) на прагот од венчалниот олтар и брачниот живот.

Имаа врска која траеше повеќе од две години и сè чекаше официјално да се венчаат. На почетокот од оваа година Крис дури клекна на колена, среде снегот во елитниот Аспен, запросувајќи ја славната богата наследничка, добивајќи потврден одговор на понудата за брак од Парис.

„Се чувствувам како најсреќната девојка во светот! Мојот сон се оствари! Ти благодарам што ми покажа дека постојат бајки“, напиша Хилтон под сликата.

Само да се потсетиме дека прстенот што го доби е проценет на 2 милиони долари. Тој е украсен со 20-каратни дијаманти.

 

Свршувачката се случи, но свадбата беше одложена неколку пати, вклучително и последниот најавен датум – 11 ноември. Славниот пар одлучи да ја одложи церемонијата следната година и увери дека нивната врска е сѐ уште силна.

Но, последните информации кои доаѓаат од неколку извори, а ги пренесуваат британските таблоиди, велат дека нивната врска се распаднала и тие двајца се оддалечиле еден од друг на почетокот од овој месец.

„Сите нивни пријатели се сомневаа дека Парис едноставно не сака да се омажи. Според неа, Крис не бил човекот што ѝ бил потребен. Таа сака да развива бизнис, да патува по светот, наместо да се посветува на својот сопруг “, тврди извор близок до двојката.

Ни Хилтон ниту Зилка не коментираа за нивниот личен живот и не се огласиле за ваквите информации.