Крај на кариерата на младиот напаѓач? Еве зошто ми сметаше бучавата во Истанбул


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На социјалните мрежи минатата недела беше хит излегувањето од игра на Тимо Вернер на мечот против Бешикташ. 21-годишниот напаѓач не можеше да ја издржи бучавата која ја направија турските навивачи.

На најдобриот стрелец на Лајпциг толку многу му сметаше бучавата која ја направија навивачите, што побара замена и ја напушти играта со покриени уши.

Тимо Вернер минатата сезона постигна 21 гол за Лајпциг, а пролетта дебитираше за Германија и постигна 6 гола на осум настапи. Во ист ритам продолжи и оваа сезона, постигна шест гола, има само 21 година, па поради тоа е на мета на најголемите европски клубови.

Но, сега е откриено зошто мораше да излезе од игра во Истанбул, бучавата му сметала бидејќи има големи потешкотии со циркулацијата и дишењето.

Поради тоа викендов го пропушти и мечот со Келн, како и квалификациските настапи за репрезентацијата на Германија.

Вернер сега чека лекарите да одлучат за начинот на терапија и лечење на неговиот проблем. Но, како што пишуваат германските медиуми, проблемот е многу сериозен па дури во прашање е доведено неговото провесионално играње фудбал.