Крај на големите трансфери: Владата на Кина кажа стоп!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Владата на Република Кина одлучи да стави крај на скапите купувања фудбалери од Европа, пренесуваат тамошните медиуми.

Откако Карлос Тевез потпиша за Шангај Шехуа и стана најплатен фудбалер на светот, тоа беше само „капка која ја прели чашата“, па кинеската влада одлучи да стави крај на абнормалните износи кои се трошат за носење на фдубалски ѕвезди.

Тевез потпиша договор според кој ќе заработува 38 милиони евра годишно, што е апсолутен рекорд во историјата на фудбалот. Меѓутоа тоа ќе биде последниот трансфер со такви астрономски суми, пренесуваат тамошните медиуми.

„Ќе ги ограничиме скапите трансфери на играчи, а нивните превисоки плати ќе го сведеме на разумно ниво, односно ќе воведеме селари-кап. Сите сакаат да дојдат во Кина за да заработат. Меѓутоа многумина од нив овде не се однесуваат професионално, водат неспортски живот бидејќи сметаат дека фудбалот е на ниско ниво“, изјавија кинеските власти.

Притоа, кинескиот фудбалски сојуз веќе најави дека ќе го ограничи бројот на странски фудбалери на само четири во еден клуб.