Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во последното интервју за германски Билд, легендарниот Холанѓанец кој денес е прв човек на ФИФА задолжен за технолошкиот развој на фудбалот, шокираше голем број вљубеници на најважната споредна работа на светот.
Марко Ван Бастен е прилично креативен во своите идеи, но според фудбалските фанови дури и повеќе од потребно. ФИФА веќе го прошири СП од 32 на 48 репрезентации и во последно време се обидува да внесе многу новитети, кои ќе ја подобрат фудбалската игра. Се практикува спреј за судиите, потоа гол технологија, до видео проверки. Но, ова што го најавува Ван Бастен ќе значи голема промена на фудбалот каков што го знаеме:
Van Basten go home, you're drunk. pic.twitter.com/CUwlik82yN
— Dr. Mantis Toboggan (@BarLFC) January 19, 2017
1.Заменување на пеналите со оние како од хокеј
– Идејата е да не се играат пенали. Односно да нема продолженија, туку веднаш да почне пресметка лице в лице меѓу голманот и противничкиот играч, со тоа што играчот ќе биде оддалечен 25 метри од голот и ќе има осум секунди да испрати удар. Голманот не смее да го напушти шеснаесетникот, а секој тим би имал по пет обиди.
„Ова е многу поспектакуларно за гледачите, а и поинтересно и за играчите. Имаме повеќе опции – дриблинг, удар, а би било полесно и за голманите“, рече Ван Бастен за пеналите кои своевремено се изведуваа во МЛС.
2. Укинување на офсајд ситуациите
– Фудбалот се почесто личи на ракомет. Лично, имам навистина голема желба да видам како ќе функционира фудбалот без офсајди. Примерот со хокеј на трева е интересен. Играта ќе биде многу поатрактивна, напаѓачите ќе имаат многу повеќе шанси и ќе постигнуваат повеќе голови. Фановите ќе го сакаат тоа.
3. Укинување на жолтите картони
– Наместо жолтите картони, да се покажуваат неколкуминутни казни. Казните да имаат важност од пет до десет минути. Така ќе избегнеме некои тимови да играат цел меч 10 на 11. А, замислете да мора во еден момент да играте со двајца или тројца помалку.
4. Исклучувања како во кошарката
– Една од идеите е правилото што се практикува во кошарката. Еден играч може да направи пет прекршоци, а после мора да го напушти теренот.
5. Правило како во рагбито околу протестите
– Мора да им се даде повеќе простор за дишење и работење на судиите. Само капитенот треба да има право да се зборува со судијата, не сите играчи од тимот да се нафрлуваат.
6. Да нема застанување на играта во последните 10 минути
– Како солуција на загубеното време поради наводни повреди, ФИФА ја разгледува опцијата како последните 10 минути од натпреварот да бидат ефективни и без прекин на играта. Ќе се воведе правило во последните 10 минути, топката да биде надвор од теренот максимум 10 секунди. Тоа ќе значи крај на играчите кои се превиткуваат на теренот трошејќи време.
7. Да се намали бројот на официјални натпревари
– Проблемот не смеат да бидат парите, во фудбалот ги има премногу. Мора да се концентрираме на добрата игра и мора да ги намалиме официјалните натпревари од 80 на 50-55 во сезона. Реал Мадрид и Барселона играат и по 70 натпревари годишно.
8. Промени во играта
– Ги гледаме сите опции како може да се промени фудбалот од играчки аспект. Сепак, најпрво тоа би го направиле во пониските лиги како тест. За такво нешто е потребна консултација и со судиите.
9. Да се зголеми бројот на измени
– Станува збор за дополнителни една до две замени во продолженијата. Тоа би било добро за играчите, а тоа подолго време го бараат и тренерите.
10. Поголема поддршка на фудбалот 8 на 8 (кој се практикува во колеџите и школите ширум светот)
– Таа идеја е веќе започната и почна да се практикува во пониските лиги во Шпанија.