Крај на една легенда? Култниот режисер изјави дека нема веќе да снима филмови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот режисер Дејвид Линч, автор на филмските хитови Blue Velvet, Eraserhead и Mulholland Drive, за весникот „Сандеј Морнинг Хеларлд“ потврди дека веќе нема да снима филмови, пренесува „Индепендент“.

„Работите многу се променија. Голем број филмови што можат да се сметаат за квалитетни не успеаја да остварат солидна заработка на кино благајните, а филмовите што се покажаа успешни не се тоа што би сакал да го работам“, рече режисерот.

На прашањето дали неговото последно големо остварување – Inland Empire од 2006 година – воедно е и неговиот последен филм, Линч одговори „Да, така е“.

За среќа љубителите на опусот на славниот режисер ќе можат да уживаат во продолжение од серијата Твин Пикс, која на 21 мај се враќа на малите екрани, по пауза од 26 години.

Режисерот, исто така, се појавува и во новиот документарец „Дејвид Линч: Уметнички живот“, што во кината премиерно ќе се прикаже на 14 јули.