Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот капитен на Челзи, Џон Тери, дефинитивно одлучи да ги напушти „сините“ на крајот од оваа сезона. Таа вест ја соопшти и богатиот лондонски клуб на својот официјален сајт, заедно со прошталната изјава на искусниот 36-годишен фудбалер.
Тери за Челзи дебитираше во 1998 година, а досега има забележано 713 настапи и има постигнато 66 гола.
„После толку години имам толку многу да кажам за сте овие прекрасни луѓе и овој голем клуб. Од тренерите, соиграчите, луѓето кои работат и навивачите, сите ми дадоа толкава поддршка низ сите овие години. Не можам доволно да им заблагодарам. Ќе имам можност и понатаму да зборува за тоа во наредните недели“, изјави Тери на клубскиот сајт.
Од доаѓањето на Антонио Конте, за искусниот стопер значително се намали минутажата на теренот, но тоа, донекаде, и се очекуваше. Сепак, Тери нема намера да ги закачи на ѕид копачките.
„За својата иднина ќе одлучам во догледно време, но сега сакам да му помогнам на клубот да постигне успеси во оваа сезона. Клубот и јас отсекогаш сме имале фантастичен однос, кој ќе продоложи и по завршувањето на моите играчки денови. Имавме неколку навистина позитивни разговори, но после внимателно размислување, одлучив дека сега е вистинскиот момент да си одам. Отсекогаш сум имал намера да си заминам во вистинско време и чувствувам дека крајот на оваа сезона е вистинскиот момент за мене и клубот. Уште чувствувам дека можам многу да понудам на теренот, но исто така сфаќам дека Челзи ќе биде ограничен поради мене. Сакам да продолжам со играње, така што ќе се обидам да почнам нов предизвик. Никогаш нема да го заборавам неверојатниот пат на кој бевме. Фала ви за сè“, порача Џон.
Џон Тери на Стемфорд Бриџ стигна на свои 15 години, а пред тоа беше дел од подмладокот на Вест Хем. Првит меч за „сините“ го одигра на 28 октомври, 1998 година, во Лига купот против Астон Вила, каде влезе само во завршницата од мечот. Во стартната постава прв пат се најде истата сезона, на натпреварот од ФА Купот против Олдам.
Во текот на кариерата имаше неколку енславни моменти, кои сериозно му ја разнишаа кариерта. Најголемо медиумско внимание доби љубовната афера со Ванеса Перонсел, бившата девојка од неговиот некогашен соиграч Вејн Бриџ, поради која на одредено време и ја загуби капитенската лента во англиската репрезентација.
Сепак, во Челзи никогаш не се откажаа од него, што му овозможи последните неколку години да ги одигра на високо ниво.