Крај на една ера: Се затвора последната фабрика за автомобили во Австралија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ерата на автомобилската индустрија во Австралија завршув апосле повеќе од 90 години функционирање, и тоа со утрешното затворање на производната линија на General Motors во Аделаида.

General Motors е последниот гигант од автомобилската индрустрија кој, после Ford, Toyota, Nissan, Mitsubishi, Crysler и други, ја напушта Австралија во последните неколку децении.

Со затворање на фабриката за производство на лимузини Holden, 900 работници остануваат без работа, пренесува Associated Press.

Загрозени се и илјадници работни места во компаниите кои испорачуваа автомобилски делови на австралиските производители.

Holden е огранок на американскиот General Motors и со генерации беше симбол на национална гордост во Австралија.

Масовното производство на првиот австралиски модел беше иницирано во 1948 година, а десет години подоцна повеќе од половина нови автомобили во Австралија беа од марката Holden.

Австралија во 2008 година беше зафатена од глобалната економска криза, а субвенциите во автомобилската индустрија дотогаш се потпираа на буџетскиот суфицит, кој со кризата го снема.

Ford и Toyota ги затворија своите производствени погони во Австралија во 2013 година, во време кога поради раст на рударската индустрија австралискиот долар прв пат во историјата стана посилен од американскиот. Поради тоа, автомобилското производство во оваа земја стана прескапо и неконкурентно.