Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Едно од најмоќните, најбогати и највлијателни семејства во светски рамки, кланот Ротшилд, во минатите времиња важеа за главни поддржувачи и финансиери на Хабсбуршката монархија. која во минатото беше главниот финансиер на империјата на Хабсбурговците, очигледно денес целосно расчистува со Австрија, продавајќи го и последниот имот кој го поседува таму.
Со оваа имотна продажба се става дефинитивен крај на една двовековна ера која беше одбележана со серија војни, падови и подеми.
Наследничката од семејството Ротшилд, Бетина Бур, постигнала договор за продажба на два имоти, во кои поседуваат околу 7.000 хектари шума во провинцијата Долна Австрија.
Купувачот е компанијата за пакување „Prinzhorn Holding GmbH“, информира „Bloomberg“, повикувајќи се на извори кои посакале анонимност.
Шумата, која е околу 20 пати поголема од Централ Парк во Њујорк е дел од имот кој барон Алберт фон Ротшилд го купува во 1875-та година.
Нацистите ја заземат земјата откако Германија ја окупира Австрија во 1938-ма година, а дел од неа беше вратена на семејството по Втората светска војна.
„Тоа става крај на едни контрадикторни 200-годишни односи“, вели историчарот Роман Зандгрубер, автор на книга за фамилијата.