Крај на драмата: Роналдо не оди никаде – останува во Манчестер Јунајтед


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што стојат работите Кристиано Роналдо ќе остане во Манчестер Јунајтед, иако желбата му беше да го напушти клубот.

„Атлетик“ пренесува дека заминувањето на Роналдо сега кога се врати на тренинзите, пред самиот почеток на Премиер лигата е скоро невозможно. Кога Роналдо досега не успеа да пронајде клуб, јасно е дека во наредната сезона ќе го гледаме во Манчестер, потврдил изворот на „Атлетик“.

Информациите се дека Манчестер Јунајтед за Роналдо добил само една конкретна понуда од неименуван клуб од Саудиска Арабија кој на Португалецот му понудил рекордна плата.

Сезоната во Англија започнува овој викенд, па ќе видиме дали после пропуштените припреми Роналдо ќе биде во прв план кај тренерот Ерик Тен Хаг.