Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватската пејачка, Северина Којиќ веќе извесно време планира да се разведе од Игор Којиќ бидејќи тајно се гледа со хрватски бизнисмен. Имено, како што за Српски телеграф тврди извор близок на парот, Северина, односно снаата на Кеба ужива покрај десет години постариот бизнисмен од Сплит, кој има врска со политиката.
„Северина и Игор веќе долго време имаат криза во бракот, бидејќи пејачката се гледа тајно со еден сериозен бизнисмен и политичар, многу важен во тамошните кругови. Пејачката на сите начини се обидува без драма да излезе од односот со Којиќ за потполно да биде среќна со моќниот Сплиќанец, меѓутоа и самата знае каков бум би било тоа во јавноста. Особено што младиот син на Кеба постојано е со неа, ја следи на настапите, од каде редовно објавува фотографии и снимки како нејзин менаџер, а и помага во се што може. Секако би наишла на осуда што го изневерила и на крајот го оставила“, открива соговорник од Хрватска.
Од друга страна, неодамна во белградските кругови се слушна веста дека Северина Којиќ жестоко му замерила на Кеба кога не се појавила на семејната слава во Лозница. Како што се наведува, пејачот тогаш смртно се налутил што Северина не го испочитувала, пишуваат медиумите во Србија.