Крај брегот на Португалија откриен брод потонат пред четири века (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нуркачки тим кој работеше во рамки на 10-годишен археолошки проект, крај брагот на Португалија откри остатоци од брод стар 400 години, за кој се верува дека потонал кај Лисабон на враќање од Индија, и бил полн со зачини.

„Од аспект на целокупното цивилизациско наследството, ова е откритие на деценијата. Во Португалија, ова е најважното откритие на сите времиња“, изјави Жорже Фрајра, директор на истражувачкиот проект. Тој потенцира дека остатоците се пронајдени во рамките на археолошки проект кој го работат во изминативе десет години.

Во пронајдената руина и околу неа, 12 метри под морската површина, нуркачите пронајдоа зачини, девет бронзени топови со врежан португалски грб, кинеска керамика и школки кои биле користени како пари за трговија со робови во колонијалната ера.