Коѕијас за ТВ Контра: Заев одбра име!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во интервјуто кое вчера го даде за ТВ каналот Контра, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го коментираше телефонскиот разговор помеѓу двајцата премиери на Македонија и Грција, Заев и Ципрас.

Коѕијас изјавил дека Заев одбрал име од трите преостанати предлози од Нимиц кои биле на маса – Северна, Горна и Нова Македонија (се зборува дека е одбрана географската одредница Северна), а решено е и прашањето на Уставот и тоа како што тој вели на иницијатива на Скопје.

„Денешниот беше одлучувачки чекор”, рече Никос Коѕијас, осврнувајќи се на телефонската комуникација меѓу Алексис Ципрас и Зоран Заев. „Ако преговорите завршат утре, разговорот за името ќе биде завршен”, рече тој, зборувајќи за денешниот разговор на двајцата премиери.

Коѕијас не наведе конкретно кој предлог го прифатил Заев во телефонскиот разговор