Коѕијас тврди дека Заев и Ципрас телефонски ќе се слушнат денес


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


При заминувањето од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кратко потврди дека премиерите на Грција и Македонија, Ципрас и Заев, денес ќе го направат фамозниот телефонски разговор.

Коѕијас не сакаше да даде изјава за медиуми, но на новинарско прашање дали Ципрас и Заев ќе разговараат денеска, кусо рече: „Ќе го направат тоа“. Но, не одговори што ќе си кажа, изјавувајќи дека премиерите сами ќе соопштат, пренесува „Иефимерида“.