Козарчето Лука Модриќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Павле Баленовиќ сигурно не сте чуле досега. Не сме чуле ниту ние, но дознавме за него благодарение на едно видео кое деновиве е вистински хит на балканот.

Споменатиот Павле е бивш филмски каскадер и музичар кој својот живот го посветил на проучување и афирмација на планината Велебит и нејзиниот животински свет, посебно волците.

Една од неговите снимки моментално е вирален  хит на социјалните мрежи по бившите ју простори бидејќи на него во кадар е фатен денешниот фудбалски ас Лука Модриќ, облечен во преголема јакна, како чува кози.

Баленовиќ, инаку, на своите патувања и експедиции на Велебит се запознал со Стипе Модриќ, таткото на Лука.