„Ковид 2“ – нова кредитна бескаматна помош за фирмите економски погодени од коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од следната среда, 29 април, ќе почне аплицирањето за втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“ во износ од 8 милиони евра за поддршка на претпријатијата погодени од состојбата со корона вирусот, соопштија денес на прес конференцијаа министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Развојната банка Кире Наумов и директорката на Централниот регистер, Марија Бошковска.

Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија од најпогодените сектори.

Јавниот оглас е веќе објавен на интернет страницата на Развојната банка, а ќе трае 15 дена сметано од 29.04.2020 год., во 00:01 часот, кога ќе можат да се доставуваат апликациите, односно кредитните барања по принципот прв дојден прв услужен.

Како што беше објаснето на прес конференцијата, од потребните документи, шест се обрасци на Развојната банка, а останатите можат да се обезбедат по електронски пат од надлежните институции.

Директорката на Централниот регистер, Марија Бошковска рече дека оваа институција бесплатно ќе ги доставува документите што се во нивна надлежност и ги повика фирмите да ги користат електронските услуги кои се достапни 24 часа во денот.

Инаку, предмет на овој јавен повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Компензационите фондови од странска помош (Италија, Јапонија и друга странска помош) , за директна поддршка на микро, мали и средни претпријатија кои се регистрирани во Македонија, со намена за обртни средства.

Вкупниот износ на расположиви средства за овој јавен повик изнесува 492.000.000 денари, односно околу 8 милиони евра.

„Износот на кредитот што се одобрува е во зависност од бројот на вработени. Кредитобарателот може да аплицира и да му се одобри максимален износ на кредит пресметан според формулата:  14.500 денари х 3 месеци х број на вработенирече директорот на Развојната банка, Кире Наумов.

Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 5.535.000 денари, а минималниот износ на кредитот не може да биде под 184.500 денари.

Исклучок од начинот на пресметка на максималниот износ на кредит се претпријатијата до 5 вработени кои може да аплицираат за кредит од 184.500 денари, како и претпријатијата со вработени од 128 до 250 вработени коишто може да аплицираат за кредит за износ до 5.535.000 денари.

Рокот на отплаата на средствата е до три години со вклучен грејс период до 12 месеци, а отплатата на кредитот ќе се врши квартално.

На овој линк може да се најдат сите детали за начинот на аплицитрање и за критериуми за одобрување на кредити од оваа кредитна линија.

Јапонската амбасадорка во земјава Кеико Ханеда во видео обраќање изрази поддршка за мерките што ги презема Владата и надеж дека тие ќе им помогнат на компаниите да продолжат да работат и да се сочуваат работните места.

„Сите земји се борат против коронаворусот и во овие тешки времиња треа заедно да работиме и д се подржуваме. Мило ми е што уште еднаш можеме да го потврдиме цврстото пријателство меѓу Северна Македонија и Јапонија“, порача Ханеда.

За првиот повик „Ковид 1“ досега се одобрени средства за 254 компании со околу три илјади вработени во вкупен износ од 2,2 милиони евра.

Вкупниот износ на средства што им се даваат на располагање на компаниите со двата повика изнесува 13,7 милиони евра.  Покрај ова, компаниите имаат на располагање и околу 50 милиони евра преку комерцијалните банки.