Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска има само по еден случај на ковид-19 меѓу учениците и тоа по еден ученик во Велес и во едно училиште во Скопје, понови информации пристигнаа од Велес и од Штип. Болни има меѓу учениците, но и меѓу наставници и директори на училишта.
„Позитивни на ковид-19 се директорката на средното улилиште „Димитрија Чуповски” , како и еден ученик во средното училиште „Коле Неделковски” и двајца во гимназијата „Кочо Рацин” .Во изолација се наоѓаат само не вакцинираните ученици на два класа на гимназијата. Од основните училишта позитивен тест имаат еден директор, психолог и еден педагог, како и еден наставник и шест ученици, а вкупно осум ученици се во изолација“, вели градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Во Штип еден ученик е позитивен на вирусот, еден клас е ставен во изолација, а позитивен тест добил и еден наставник во средното текстилно училиште.