Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако „пикот“ на епидемијата на коронавирусот во Италија формално се смета дека не е уште поминат, последните неколку дена епидемиолошката состојба во оваа европска земја, една од најпогодените од КОВИД-19 во светски рамки, е стабилна потврдуваат податоците за бројот на заразени, умрени и оздравени пациенти, пренесува Независен.
Цивилната заштита вели дека ситуацијата е различна во некои делови од земјата, во некои области циркулацијата на вирусот корона е повисока, а во други пониска, но не постои подрачје во Италија во кој вирусот не циркулира.
Денешните податоци од Италија покажуваат дека врвот на заразата од корона вирусот не е уште поминат. Бројот на заразените денеска е зголемен за 4.805 и вкупно изнесува 124.632 лица. Денеска починаа 681, со што бројот на оние што ги загубија животите се искачи 15.362, што е зголемување за 4,6 отсто. Излечени се 1.238 и нивниот вкупен број сега изнесува 20.996. Единствената добра работа е што е намален бројот на лицата што се на интензивна нега.
И бројот на лекари и медицински сестри кои се заразени во болниците е огромен.
До денеска 77 лекари починаа од корона вирусот. Една од причините е тоа што во раната фаза на ширење на епидемијата не беа доволно заштитени, па често интервенираа и со голи раце.
Најмладиот починат пациент имаше 46 години, а најстариот 90 години.
Меѓу жртвите се и многу кои се одзваа на повикот на цивилната заштита, и иако беа пензионирани, се вратија во службата.
Државниот институт за статистика објави дека во некои општини на Ломбардија смртноста од Ковид-19, посебно во првите недели од март, пораснал од 143 до дури 500 отсто.
Но, ситуацијата не е хомогена: во округот Бергамо, во некои општини, смртноста е повисока од 500 отсто во однос на смртноста во март 2019 година.
Во истата зона од 1-21 март годинава починале 5.000 луѓе повеќе од лани.
„Беше тоа вистински масакр кој во неколку дена збриша од лицето на земјата цела една генерација. Тпа е генерацијата на која сите ѝ должиме многу, а не успеавме да ги заштитиме. А во старечките домови корона вирусот направи вистински масакр“, вели лекар пензионер од Италија, кој се врати на работа за да помогне во борбата против корона вирусот.