Ковид-19 направи ракот да ми изгледа како „мачкина кашлица“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот холивудски актер и оскаровец, Џеф Бриџис, објави дека неговиот лимфом е во фаза на ремисија и открива дека се заразил со коронавирус во јануари, што досега го чувал во

„Многу се случи од мојот последен пост“, напишал Бриџис на својот блог, каде што последен пат објави во јануари. „Ракот е во фаза на ремисија, масата се намали до големина на камен“, објавил тој и ја започнал приказната за инфекцијата со коронавирус.

Филмската sвезда Биг Лебовски и сопругата Сју биле изложени на коронавирус во центарот каде што актерот примал хемотерапија. И двајцата завршиле на интензивна нега веднаш по инфекцијата, раскажа тој. Сопругата била на интензивна нега пет дена, а тој, со имунолошкиот систем ослабен од хемотерапија, пет недели.

„Мојата борба со ковид ја направи борбата со ракот да ми изгледа како мачкина кашлица“, напишал тој. Исто така, открива дека сакал да го објави ова уште во март, но се воздржал додека коронавирусот не бил целосно поразен. Сега короната е зад него, вели тој.

„Ковид ме погоди добро, но сега сум вакциниран двапати и се чувствувам многу подобро“, напишал тој. Му се заблагодарил на својот физиотерапевт кој му помогнал да се опорави. „До неодамна, ми требаше кислород за да можам да одам, звучев како Дарт Вејдер“, се пошегувал оскаровецот, фалејќи се дека конечно успеал да ја одведе својата ќерка Хеј, која се омажила во август, до олтарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bridges (@thejeffbridges)

Да потсетиме, Бриџис во октомври 2020 година објави дека боледува од лимфом.

„Како што би рекол пријател, се појавија нови срања … Дијагностициран ми е лимфом. Иако тоа е сериозна болест, имам среќа што имам одличен тим лекари и прогнозите се добри. Почнувам со третман и ќе продолжам да ве информирам за закрепнувањето “, напишал тој тогаш.

Околу десет дена подоцна, тој се јавил од болницата и им се заблагодарил на сите што беа со него. Потоа позира во болничка ноќница до сталак за лекови, што ги примал интравенски.

Тој ја документирал својата борба на социјалните мрежи се додека не прекина во јануари оваа година, се` досега.