Ковачевски со владината делегација се поклонија пред почивалиштето на Никола Карев


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Владината делегација на чело со премиерот Димитар Ковачевски, денеска, по повод државниот празникот Илинден, оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во „Македониумот“ на Гумење – Крушево.

Со ова започнува централната прослава во Крушево на големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, кој оваа година се одбележува под слоганот „Нашата сила за иднината“.

Претседателот на Владата, Ковачевски ја предводи владината делегација во состав од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски ќе оддаде почит и ќе положи венци свежо цвеќе на историските спомен обележја посветени на Илинден во Крушево, на споменикот на Слива, кој претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република, а ќе присуствуваат и на Панихида којашто традиционално се организира секоја година во чест на загинатите илинденци во црквата „Св. Никола“ во Крушево.

Потоа, следи централната манифестација и обраќањето на премиерот Ковачевски на Мечкин Камен.