Home Актуелно Ковачевски најави промени во партиското раководство на СДСМ

Ковачевски најави промени во партиското раководство на СДСМ

Новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевск, вечерва изјави дека ќе има промени во раководството на партијата, но сепак ќе останат и дел од актуелните функционери.

– Согласно со процедурите ќе имаме седница Централен одбор на која ќе ги информирам за разговорите со коалиционите партнери. Планирам да предложам неколку нови членови на ЦО и раководство на партијата кое ќе вклучува членови и на постојното, но и нови лица, изјави Ковачевски за ТВ24 по примопредавањето на функцијата претседател на СДСМ од досегашниот лидер Зоран Заев во седиштето на партијата.

Ковачевски не откри детали кој ќе замине, а кој ќе остане.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…