Home Актуелно Ковачевски денеска се сретна со Мицотакис во Атина

Ковачевски денеска се сретна со Мицотакис во Атина

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Атина се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, во рамки на работната посета.

Како што соопштија од владината прес-служба, двајцата премиери разговараа за последиците од енергетската криза во светски рамки и енормниот раст на цените на електричната енергија и за предизвиците со кои се соочуваат земјите во справување со светската енергетска криза.

„Двајцата премиери, констатираа дека регионалната соработка е од големо значење со особен акцент на важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас (ЛНГ) во Александрополи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји. Констатираа дека интерконекторот со Грција заедно со терминалот за течен гас (ЛНГ) во Александрополи не се само економски, туку и проекти од стратешко значење. Премиерите ги потврдија и заложбите согласно планираното, најдоцна до средината на 2024 година да имаме снабдување со гас од Грција. Новиот терминал за течен гас (ЛНГ) во Александрополи значи енергетска независност, ослободување од рускиот гас и диверзификација на изворите“, се вели во соопштението.

Премиерите заклучија дека стратегиските проекти се од голема важност за долгорочната енергетска независност за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…