Ковачев: Му честитам на Пендаровски што призна дека Гоце Делчев е Бугарин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако претседателот Пендаровски ја даде скандалозната изјава која се коси со официјалната македонска историографија, дека Гоце Делчев се изјаснувал за Бугарин, со реакција излезе европратеникот Андреј Ковачев познат по великобугарските шовинистички испади дека македонската нација е коминтеровска творба.

„Му честитам на македонскиот претседател, г-дин Пендаровски! За првпат од 1944 година ја слушаме од Скопје вистината за Гоце Делчев! Да, тој се прогласи за етнички Бугарин, без толкувања!

Вистина е, исто така, дека тој се борел за автономна Македонија во рамките на Отоманската Империја. Многу подоцна, македонските Бугари Тодор Александров и Иван Михајлов поставуваат за цел на ВМРО независна Македонија, ослободена од српската окупација!

Модерните Бугари и модерните Македонци се наследници на овие големи Бугари! Оваа вистина треба да биде потврдена и од билатералната комисија, како го бара договорот за пријателство и добрососедство и да биде ставено во наставниот план на двете страни!

Сите преродбеници и револуционери, како Григор Прличев, Браќа Миладиновци, Рајко Жинзифов, Дамјан Груев, Борис Сарафов, Васил Чакаларов и многу други од дејци на ВМРО, исто така, се декларирале како Бугари.

Самата организација ВМРО е основана во 1893 година како Бугарски Македонско-одрински револуционерен комитет, по примерот на Бугарскиот Таен Револуционерен Комитет на Васил Левски!”

Пендаровски скандалозната изјава за Делчев ја даде пред неколку дена.

-Гоце Делчев се декларирал за Бугарин и во исто време се борел за самостојна македонска држава, рече претседателот Пендаровски во интервју за емисијата „360 Степени“.

Додека бугарските историчари и политичари вложуваат огромни напори да го претставаат македонскиот револуционер како Бугарин, дел од македонските историски експерти децидни, Гоце Делчев е македонски борец, а мешовитата комисија е политички диригирана.

-Скопје нема што да признава околу Гоце Делчев. Да се спуштиме во времето во коешто живеел, тој бил османлиски поданик, таа османлиска власт него му дозволувала да се определи и кон образовно-културната власт- тоа е егзархијата…, вели професорката Наташа Котлар, пренесува Алфа.

Историчарот Стефан Влахов Мицов пак за Алфа, вели дека желба на Делчев била неговите коски да бидат погребани во слободна Македонија.

Во јавноста се наметнува прашањето зошто доколку Делчев бил Бугарин би сакал да биде закопан во Македонија.

Изјавата на Пендаровски ја нарушува и македонската позиција во комисијата што ја презентираше професорот Ванчо Ѓорѓиев.

Апетитите на исторчниот сосед на Македонија се се` поголеми. Тамошната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека не се подготвени на компромиси околу прашањето за Гоце Делчев и се закани дека без договор околу заедничкиот датум за чествување на Делчев, Софија ќе ја прекине работата на експертската комисија.

Претходно и министерот за одбрана Каракачанов најави блокирање на нашето членство во ЕУ и НАТО, доколку македонската страна не прифарти одредени отстапки во одност на историските прашања.