Котлините во магла, на планините сонце


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во поголем дел од Maкедонија вториот ден од 2023 година носи сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои попладне делумно ќе се намалат.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3, а максималната од 9 до 17Целзиусови степени. Во местата со магла температурата ќе се движи од 5 до 7 степени.

Во Скопје во поголем дел од денот ќе има магла, која попладне краткотрајно делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Синоптичарите најавуваат период на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската Котлина, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.

Во вторник попладне ќе започне да дува умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе продолжи и во среда, поради што преодно ќе се намалат условите за магла.