Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Директорот на затворот Скопје, Ѓоко Котевски останува на својата функција, иако поднесе оставка поради инцидентите во затворот од 21-ви февруари, кога беа нападнати притворениците и поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, јавува ТВ Телма.
Владата на денешната седница ја констатирала неговата оставка, но поради тоа што е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува после завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик.
Во однос на извештајот за пропустите во затворското обезбедување, освен тоа што ќе се поведе дисциплинска постапка за 11 лица, властите не сакаат да откријат дополнителни детали.
Ристовски и Јанакиески нападнати поради пропуст на затворската управа
Пропустите на вработените и управата во затворот во Шутка овозможиле спиро Ристовски да биде вербално па физички нападнат. И по ова истите не спречиле да се случи и нападот врз Миле Јанакиески, оти не превенирале ништо. Ова го пишува во извештајот кој го изработија од затворот но сега Управата за извшување на санкции го чува во тајност.
Сепак, според информациите на Телма покренати се и 11 дисциплински постапки за чуварите кои ги прекршиле протоклите. Директорот Ѓоко Котевски си поднесе оставка но за сега ќе куртули поради тоа што се распишани избори.
Народниот правобранител констатирал многу пропусти во однесувањето на затворската управа. Има забелешки на нецелоснта покриеност со камери и лошиот квалитет на снимките кои и покрај тоа што немаат звук откриваат како се случил инцидентот.
Двајцата притвореници Јанакиески и Ристовски се жалеа на потешки повреди после нападот од Карфеџоли и Красниќи осудени од процесот за Диво насеље. Но по лекарските прегледи беа вратени во келија. Во меѓувреме судот го пушти Јанакиески во домашен притвор. По инцидентот со двајцата притворени поранешни министри правобранителот кај други притвореници пронашол телефони и марихуана.