Костовски во „Таргет и Тврдина“: „Прислушувач наместо на инспекторот, му се јави на прислушуваниот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На новото рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“, под ингеренции на СЈО, кој го опфаќа нелегалното масовно прислушување од страна на УБК, пред судот сведочи еден од двајцата откривачи на оваа мегаломанска афера, Звонко Костовски, пренесува Фокус.

Сведокот Костовски вкрстено го испрашуваше обвинетата Надица Николиќ, која била началник во УБК.

На прашањето на Николиќ нели е точно дека операторите имале шифрирани кориснички имиња за да не се знае кои се, поради нивна безбедност, етничка припадност и слично, на што Костовски истакна дека шифрите биле ставени по наредба на Горан Грујевски, за да не се дознае и да се заборави кој имал пристап до системот за прислушување.

Тој рече дека операторите не биле тајни, бидејќи често комуницирале со инспекторите од УБК по телефон, кога имало итна ситуација. Во тој контекст тој посочи и едне пример за хаосот кој владеел во УБК.

-Имаше случај кога репродуцер (тој што ги снима и слуша разговорите) наместо на инспекторот се јави кај таргетот (лицето што било прислушувано), рече сведокот Костовски.

Тој повтори дека началниците од УБК имале пристап до транскриптите на прислушуваните разговорите бидејќи имале компјутери во своите канцеларии на кои била инсталирана апликација во која се пишувале транскриптите.