Косовци тргнале да се приклучат во ’Исламска држава’, депортирани од Турција


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Тврдењата на косовските безбедносни структури дека нема нови борци кои се приклучуваат кон „Исламска држава“ ги демантираа последните апсења, јавува дописникот на МИА.

– Двајца косовски државјани во јули се обиделе да се приклучат кон терористичката организација ИД. Тие се депортирани од Турција во Косово и судот во Приштина им одредил мерка притвор во траење од 30 дена, пишува електронското издание на весникот „Експрес“.

Во одлуката на судот стои дека оваа институција го прифатила барањето на Специјалното Обвинителство на Косово за определување мерка притвор за лицата А.Д. и К.Б.

– Споменатите лица на 25 јули годинава заминале од Косово преку граничниот премин Хан Елези(Блаце) на косовско-македонската граница, а ден потоа пристигнале на аеродромот„Ататурк“ во Истанбул. Два дена подоцна Албанците од Косово биле уапсени од турските власти при обид да ја минат турско-сириската граница, стои во судската одлука.

Како што наведува весникот, Косово во континуитет се соочува со радикализмот и учеството на свои граѓани во странски војни. Се смета дека повеќе од 200 Косовци се уште се во конфликтните зони, вбројувајќи ги тука и околу 40 жени и 27 деца. На боиштата во Сирија и Ирак до сега потврдено е дека се убиени најмалку шеесет косовски државјани, меѓу нив и озогласениот Лавдрим Мухаџери, кој беше водач на албанските џихадисти.