Косовските Срби протестираа во Штрпце заради нападите на српските деца на Косово


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После немилиот настан во Готовуша кај Штрпце во кој беа ранети две момчиња, Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21), а во Клокот беше претепан Стефан Томиќ (18) додека се враќал од божиќната литургија, во Штрпце се одржа протест на Србите од Косово.

Како што јави Н1, насобраните носеле транспаренти „Нема да ви ги простиме децата“, „Стефане, срце српско херојско“, „Пукањето во Стефан и Милош е истрел во срцето на Србија“, „Европо, за што се виновни нашите деца“, „Нашите деца не се за куршумот на Курти“.

Учесниците на протестниот собир носеле и транспаренти „Штрпце нема да го претворите во гето“, „Штрпце е срцето на Србија“, „Слобода за браќата“, „Вучиќ, чувај ги Србите и мирот“, „Косовска Каменица е со браќата од Штрпце“.

Со насобраните граѓани, покрај претседателот на општина Штрпце Далибор Јевтиќ присуствувале и претседателот на Српска листа Горан Ракиќ, потпретседателот Игор Симиќ и членот на Претседателството на Српска листа Славко Симиќ.

Главната порака на овој собир е порака за мир, изјави Далибор Јевтиќ за РТС.

Тој посочува дека ранувањето на децата на Бадник треба да биде последното предупредување за сите оние кои со политика и реторика влијаат врз поединци дека можат слободно да дојдат и да пукаат во децата кои носат бадникови гранчиња.

Тој забележува дека од КФОР и од косовската полиција е побарано да го зголемат своето присуство и да ја осигурат безбедноста за сите граѓани.

„Граѓаните со право се вознемирени. Нашите деца не се безбедни и тие се должни да ја осигурат таа безбедност“, рече Јевтиќ.

Тој додаде дека по тој повод, во наредните денови, по разговори со претставниците на секое место во Штрпце, ќе биде испратен уште еден официјален допис до овие институции.