Косовски специјалци упаднаа на Газиводе на Косово – Вучиќ нареди највисока борбена спремност


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неколку десетици косовски специјалци упаднаа во Центарот за екологија и развој на спортот во Зубин Поток на Косово, изјавија за РТС претставници на локалните власти, по што српскиот претседател Александар Вучиќ нареди комплетната Војска на Србија да се стави во состојба на највисока борбена готовност, потврди за Танјуг од кабинетот на Вучиќ кој, како претседател, е и врховен командант на српската војска.

Наредбата му била пренесена на Генералштабот на Војската на Србија.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кажа дека српската полиција е во состојба на највисока готовност.

Како што јавува дописникот на РТС, неколку десетици вооружени специјалци упаднале во објектот на Газиводе, а според некои тврдења, упадот бил извршен и од копно и од езерото.

Информацијата за упадот на специјалците за РТС го потврдиле претставници на локалната власт. Околу езерото Газиводе сега е тензично, но нема други инциденти, јавуваат српските медиуми.

„Околу нападот на Албанците на северот на Косово и Метохија и апсењата на Србите кои не извршиле никакво кривично дело му наложив на директорот на полицијата сите специјални и посебни единици да ги стави во состојба на највисока готовност“, истакна Стефановиќ.

Тој додаде дека српското министерство за внатрешни работи ќе продолжи да го следи развојот на ситуацијата и ќе ги преземе сите мерки кои државата ќе ги наложи.

Се очекува обраќање на директорот на српската Канцеларија за КиМ Марко Ѓуриќ во српската влада.

Центарот за екологија и развој на спортот е отворен неодамна, а српскиот престедател Александар Вучиќ го посети при неодамнешната посета на Косово.