Home Актуелно Косово од синоќа забрани влез за возила со српски регистрации во државата

Косово од синоќа забрани влез за возила со српски регистрации во државата

Владата на Косово синоќа донесе одлука да го забрани влегувањето на Косово за возила со српски регистарски таблички, соопшти владиниот портпарол Перпарим Криезиу.

Криезиу за Радио Слободна Европа изјави дека владата, по апсењето тројца припадници на косовската полиција од страна на српските власти, одлучила да го зголеми нивото на граничната контрола.

„Од безбедносни причини институциите одлучија да го зголемат нивото на гранични контроли. Затоа како итен чекор е одлучено да се забрани влез на возила со српски регистарски таблички на Косово, додека анализата на состојбата од страна на безбедносните институции продолжува. Следните активности ќе бидат преземени врз основа на препорака на институциите за спроведување на законот“, објасни тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…