Косово „на четврта“ ја ратификуваше спогодбата за демаркација со Црна Гора


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако имаше четири прекини на седницата поради фрлање солзавец во собраниската сала од пратениците на Самоопределување, Собранието на Косово успеа да ја изгласа спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

Со 8о гласа „за“ и 11 „против“ собранието фактички го поддржа потпишувањето на спогодбата, која претходно беше потпишана од претседателите на Косово и Црна Гора, Хашим Тачи и Филип Вујановиќ.

Во текот на целиот ден во тензична атмосфера пратениците на опозициското движење Самоопределување се обидоа во четири наврати да предизвикаат прекин на седницата, а по фрлањето солзавец, некои од пратениците на ова политичко движење беа приведени од страна на полицијата. Според соопштение од собранието, има и искршен прозорец на објектот од надворешната страна. Претседателот на собранието, Кадри Весели, изјави дека со максимални напори е исполнет условот да се соберат 8о пратенички гласа.

Инаку, премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, и претседателот Хашим Тачи гласањето за спогодбата за демаркацијата го објаснија како клучен акт со кој нема да се стави Косово во излолација.

Претставниците на ЕУ и САД во текот на денот бараа од страна на пратениците да ја изгласат спогодбата за демаркација бидејќи тоа е во интерес на Косово и е услов за либерализација на визниот режим.