Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, која ќе настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година, ги дозна противничките преку кои ќе се обиде да се пласира на континенталниот шампионат, кој ќе се одржи во Летонија и Србија.
Избраничките на селекторот Марјан Лазовски ќе се натпреваруваат во Групата Х заедно со селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска.
Инаку, на денешната ждрепка партиципираа 32 репрезентации, од кои пласман на Европското првенство ќе изборат 14 селекции, на кои ќе им се придружат организаторите Летонија и Србија, кои ќе учествуваат на квалификациите за континенталното првенство.
Првиот натпревар од квалификациите нашите кошаркарки ќе го одиграат во ноември.