Корпорациски бизнис кој го потресе фудбалскиот свет: 12 европски клуба си формираат приватна Суперлига


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


12 европски клубови вчера предизвикаа земјотрес во европскиот фудбал објавувајќи дека се формира приватна Суперлига отцепувајќи се од Лигата на шампионите и ова се случи само на ден пред состанокот на УЕФА на кој треба да се промовираат промените во ЛШ.

Клубовите кои се отцепија како образложение го наведоа квалитетот и подобрување на интезитетот на европскиот фудбал. Објавено е дека планот во новата лига е да има 15 постојани членки и пет кои ќе го заслужуваат настапот со настапите во текот на годината. Екипите ќе бидат поделени во две дивизии, нешто слично како кошаркарската НБА. Во двете групи ќе има по 10 тима и ќе играат од почетокот на август во лигашки систем дома-гости со вкупно 19 натпревари.

Најдобрите три ќе обезбедат место во четвртфиналето, а четвртите и петите ќе играат бараж за последните две места меѓу најдобрите осум каде што со елиминациска фаза ќе се стигнува до шампионот.

Екипите нема да ги напуштат домашните првенства туку ќе ја расформираат ЛШ и ќе си играат во приватна лига во која ќе имаат многу поголеми приходи.

Зад целиот проект стои корпоративната инвестициска компанија, „Џej-Пи Морган“ која ќе инвестира шест милијарди евра за да започне лигата. Секој клуб за учеството ќе добие 350 милиони евра.

Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем.

По објавата за формирање на нова Суперлига, ниту еден член на 12-те клубови основачи не се појавија на состанокот на Европската клупска асоцијација (ЕКА), УЕФА се закани со ригорозни занкции, а веќе се започната тужба.

Клубовите за учество во Суперлигата ќе добиваат 350 милиони евра и тоа четири пати повеќе од тоа што Баерн Минхен како европски шампион го заработи лани од Лигата на шампионите, па секако дека финансисите се главната причина за формирањето на оваа Суперлига.

Најголем дел од фудбалските фанови го осудуваат ваквото расцепување на европскиот фудбал. Хаосот допрва ќе следува. „Газета дело Спорт“ објави дека во Нион е започната постапка за тужба против „одметниците“ и од нив се бара огромна оштета од 50 до 60 милијарди евра затоа што се уништува еден целосен систем.