Home Актуелно Коронавирусот проширен во уште десет држави

Коронавирусот проширен во уште десет држави

Според последните статистики за ширењето на коронавирусот во глобални рамки, истиот се појавил во уште десет нови држави, башка од досегашните кои се најдоа на списокот од земји во кои има пациенти со дијагноза за коронавирус.

Првите случаи на заразени со коронавурус денеска се забележани во уште десет нови држави во Светот. Станува збор за зболени во Сенегал, Саудиска Арабија, Тунис, Јордан, Португалија, Чешка, Исланд, Андора, Ерменија и Индонезија.

Бројот на починати во Италија според ББЦ се искачил на 52, од друга страна пак во покраината Хубаи во Кина кој беше епицентарот на епидемијата е забележан драстичен пад на бројот на новозаболени.

Во последните 24 часа надвор од границите на Кина се забележани девет пати повеќе заболени од коронавирус отколку во Кина, истакнал Тедрос Абхан Гебрејесус од Светската здравства организација.

СЗО денеска го испратила првиот тим на доктори и неколку тони лекови во Иран,земја која во моментов е погодена од епидемијата на коронавирусот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…