Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Продавница за сексуални играчки и помагала призна дека нивниот вибратор тајно ги снимал паровите кои го користеле како помагало за време на сексот.
Компанијата Lovense за овој инцидент ја обвини „малата софтверска бубачка“ откако корисници откриле дека апликацијата на вибраторот со далечинско управување снима звучни датотеки и ги зачувува на нивните телефони.
Прв пат ова прашање беше иницирано на Reddit и голем број корисници се пожалаа дека и самите биле жртви. Еден од корисниците кој меѓу првите го забележал проблемот, вели дека апликацијата снимила аудио запис во траење од шест миути за време на неговото последно користење.
Од компанијата јавно се извинија и потенцираа дека проблемот е отстранет.
„Датотеката моментално останува на вашиот телефон, наместо сама да се бриши после завршувањето со употреба на вибраторот. Исто така, кога се креира датотеката, таа препишува врз веќе постоечките податоци (нема нови датотеки), изјави претставник на компанијата за Mirror.