Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ладните зимски денови се деновите кога веќе почнува сериозно да достудува на нозете, па често стапалата ни се ладни и по цел ден. Прстите ви се во грч, бидејќи циркулацијата е многу лоша, а проблемот е во тоа што таму нема многу мускули кои што може да ги одржуваат стапалата топли.
За да ги згреете, потрудете се да внесувате намирници кои предизвикуваат забрзана циркулација, како што се рибино масло и ѓумбир. Намалете ја количината на кофеин, а зголемете ја онаа на цитрусните овошја. Магнезиумот секогаш е добро решение, па можете да го внесувате преку свежи намирници, како што се бананата или блитвата.
Секоја вечер пред спиење, масирајте си ги стапалата со масло од рузмарин, а секоја втора вечер потопувајте ги во легени со топла и ладна вода. Наизменично ставајте ги прво во топлата, па во ладната вода, а многу важно е да почнувате и да завршувате со топлата вода, бидејќи само така ќе го постигнете посакуваниот ефект. Секој дел од оваа „сеанса“ треба да трае околу 30-на секунди.