Корисни и практични совети: Еве како да резервирате евтини авионски летови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џек Шелдон (29) од Тексас, основач на сервисот „Jack’s Flight Club“, на читателите на весникот „Индепендент“ им откри неколку начини за резервирање што е можно поевтини авионски билети.

Мажот, кој од Велика Британија до Белизе долета за само 20 евра го советува следното:

Избегнувајте директни резервации. Иако најлесно е да се резервира авионски билет преку сајтот на авиокомпаниите, најевтината понуда всушност ја нудат бројните патнички агенции.

Издвоите повеќе време за пребарување, Голем број луѓе поради работата и обврските не стигнуваат да поминат многу време во разгледување на понудата, што е голема грешка. Најдобрите понуди често пати не се најочигледните, така што за поефтин билет ќе мора малку да се „испотите“.

Времето на резервирање билет е многу важно. Никогаш не купувајте авионски билет во текот на сезоната. Јануари и февруари се најдобри месеци кога се планира одморот, додека летото е најдобро време за купување билети за патувае за време на Божик.

Игнорирајте ги митовите. Во последните неколку години на интернет се раширија гласини дека авиокомпаниите го следат вашиот интернет пребарувач и секој следен пат кога пристапувате на нивните сајтови ја зголемуваат цената на билетот. Тоа, сепак, е заблуда. Бришењето на „колачињата“ нема да помогне, како ни купување во одредени денови или во моментот на објавување на редот на летање. Мит е и дека купување во последен момент секогаш е „најсолена“ – како пример, авиокомпанијата „Томсон“ неодамна имаше „ласт минит“ понуда за повратен билет од Велика Британија до Доминиканска република за 310 евра.

Прстите треба да Ви бидат што побрзи. Доколку се дојде до грешка на некој сајт или наидете на некоја специјална понуда не треба многу да се двоумите затоа што таквите можности траат од неколку часа до неколку дена. Исто така, нека не треба да се премислувате за резервација кога ќе забележите грешка на некој од сајтовите, затоа што авиокомпаниите секако се должни да ви ги рефундираат уплатените пари во случај на непризнавање на купените билети.