Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Доматот може да го успори развојот на ракот на желудникот, покажа една нова италијанска студија.
Овој зеленчук го спречува развојот на клетките на ракот, во што учествуваат многу негови состојки, а не само ликопенот, како што се сметаше досега.
Раководителот на тимот што ја изготви студијата, Даниела Бароне од италијанскиот Онколошки истражувачки центар „Меркоглијано“, вели дека тоа дејство не се однесува на ниту една од состојките одделно, туку на целиот плод.
Истражувачите анализирале како екстрактот на цел домат влијае на различни видови на рак на желудникот. Екстрактите земени од вообичаена сорта во Италија, како „Сан Маркано“ и „Корбарино“.
Резултатите покажале дека екстрактите влијаат на способноста за ширење и развој на клетките на ракот и нивно уништување.
Ваквите откритија имаат примена не само во превенцијата, туку и во наоѓање на нови лекови, велат истражувачите.
Истражувањето е објавено во списанието „Џурнал од Селулар Физиолоџи“.